Радио Милева Годините не и значат ништо

„Не се обидувам да се чувствувам млада“: Шер ја откри тајната на нејзиниот добар изглед во осмата деценија (фото) 

„Не се обидувам да се чувствувам млада“: Шер ја откри тајната на нејзиниот добар изглед во осмата деценија (фото) 

Познатата пејачка Шер во мај го прослави својот 77 роденден, а за себе вели дека и понатаму е се чувствува многу младо. Таа со својата харизма и енергија редовно ги воодушевува луѓето ширум светот, а често добива и комплименти за својот изглед.

Шер неодамна се појави во емисијата „Добро утро Британија“ и изјави дека годините не и значат ништо.

„Едноставно не можам да верувам дека во одреден момент ќе наполнам 80 години. Сè уште ќе ги носам модерни парчиња и ќе носам долга коса и сè уште ќе ги правам истите работи што ги правев секогаш“, рече таа, според Evening Standard.

Таа, исто така, погледна наназад во моментот кога еднаш разговараше со својата пријателка за тоа како еден ден ќе мора да ја скрати косата и да престане да носи фармерки „бидејќи се чинеше дека тоа е нешто што го прават постарите жени“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cher (@cher)

Запрашана да ја открие „тајната“ на нејзиниот добар изглед, таа рече дека верува дека тоа е генетика.

– Гените во моето семејство се прилично неверојатни. Не знам дали одсуството на чувството на стареење не прави помлади. Ги следам трендовите, имам многу млади пријатели. Имам и стари пријатели. Искрено, не се трудам да се чувствувам млада. Не се обидувам да бидам млада. Јас сум тоа што сум“, изјави пејачката. Во таа прилика таа нагласи и дека нејзината мајка доживеала 96 години, како и дека ја одржува витката линија вежбајќи цел живот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Шер

To top