Доколку утринските активности во креветот не се дел од вашата рутина, можеби ќе се предомислите поради фактот дека телото наутро е совршено подготвено за сексуалниот чин кој има многубројни придобивки за вашето здравје.
Една од причините зошто утринскиот секс треба да биде дел од вашиот живот е фактот дека ја зголемува продуктивноста.
Студиите открија дека утринскиот секс позитивно влијае на вашето расположение во текот на денот и ви помага да бидете продуктивни и на работното место.
Утринскиот стрес може да ви помогне полесно да го поднесете стресниот ден на работа, да имате подобри идеи, да ги одржите планираните состаноци без проблем, со еден збор- да бидете посреќни.
Интимните допири по будењето го поттикнуваат лачењето на окситоцин, хормонот на љубов.
Утринскиот секс помага во ослободување од стрес, а ќе ви помогне и повеќе да се поврзете со партнерот.
Не е важно кој е иницијатор. Кога очигледно има сексуална привлечност, навистина не е важно кој прв ќе иницира секс, важно е убаво да си поминете и двајцата. Не заборавајте на предиграта. Спонтаниот секс е супер, но кога веќе имате време и простор на располагање, опуштете се и уживајте целосно.
Извор: Попара