Љубов и Секс

Зошто на некои жени им се тресат нозете по секс?

Зошто на некои жени им се тресат нозете по секс?

Дали некогаш ви се треселе нозете после добар секс? Понекогаш, после страсните активности под чаршафите, можеме да ја доживееме таканаречената реакција на сексуално задоволство, која на почетокот изгледа малку страшно, но всушност е многу добрa за нашето психофизичко здравје.

Ако сте се запрашале дали сè е во ред со вас, ако нозете не ви работат и ако колената ви се свиткуваат после секс, немате причина да се грижите. Ова не е некоја ретка алергија на секс, туку нормална реакција која им се случува на повеќето жени.

Сексот има фантастични здравствени придобивки, особено за понежниот пол. Може да го замени тренингот и да ја подобри кондицијата, поради редовниот секс имаме подобра коса и кожа, а не мора ни да зборуваме за одличното расположение што го промовира.

Зошто на жените им се тресат нозете по добар секс?

Одговорот на ова прашање е всушност многу логичен. Како што после добар тренинг чувствувате дека нозете не можат да ја издржат тежината на целото тело, а колената ви се толку слаби што едвај ги виткате, приближно истото се случува и по поактивен секс.

Меѓутоа, во овој случај психата е одговорна и за сексуалните реакции кои можат да не збунат. Оваа интимна реакција е сосема нормална и ретко кој може отворено да зборува за тоа, па многу жени живеат во грижа и незнаење, мислејќи дека нешто не е во ред со нив, забележува д-р Џесика Вилијамс.

Оргазмот ја стимулира контракцијата на мускулите на вагината и на остатокот од телото, што предизвикува грчеви, особено на долните екстремитети, а во тој момент мозокот ослободува бран на допамин, кој е одговорен за чувството на сексуално задоволство и окситоцин, хормон поврзан со гушкање и емоционална приврзаност.

За да разберете зошто ви се тресат нозете, прво мора да разберете како вашето тело реагира на оргазам. За време на оргазмот доживуваме таканаречена миотонија, односно мускулна контракција на повеќето делови од телото. Кога конечно ќе ги опуштите мускулите, тие се шокирани и почнуваат да се тресат. Некои жени доживуваат и грчеви во карлицата, кои се јавуваат поради контракции на матката, забележува д-р Вилијамс.

За време на сексот телото минува низ интензивно ослободување и задоволство, а низ телото се акумулира големи количества напнатост. Крвниот притисок се зголемува, срцето забрзано чука, а хормоните неконтролирано танцуваат низ целото наше битие. Доколку не ви се допаѓа ова чувство и сакате да го избегнете, внимавајте на положбата на нозете за време на сексот, советуваат експертите.

Ако ги држите нозете во воздух подолго време, поголема е веројатноста дека ќе почувствувате треперење по сексот. Друг корисен совет е почесто да ги менувате сексуалните пози, што исто така ќе внесе динамика и дополнителна страст во вашата врска.

Телото на сексот гледа како на еден вид шок состојба, па жените забележуваат различни реакции. Некои од нас може да плачат, некои да почувствуваат наплив на еуфорија, некои да имаат затнат нос, а некои може неконтролирано да киваат, забележува д-р Џесика Вилијамс.

Што да правиме ако ни се тресат нозете после секс?

Водата и храната богата со калиум, како што се бананите и авокадото, можат да помогнат во борбата против растреперените нозе. Колку подобро се хидрирани мускулите, толку е помала веројатноста дека ќе почувствувате какви било ефекти после сексот.

Познато е дека истегнувањето е многу важен дел од вежбањето. Истото важи и за сексот. После поактивен секс, добро би било да ги истегнете мускулите на нозете, што секако ќе помогне при треперењето.

Внимавајте како спиете. Ако спиете на непријатен душек, вашите мускули се напнати. Секоја дополнителна активност ќе акумулира уште поголема напнатост кај нив, па би било добро да се погрижите да спиете добри осум часа на удобна површина.

Извор: Попара.мк

To top