Љубов и Секс

5 правила за повеќе оган во креветот

5 правила за повеќе оган во креветот

Истражувањата покажуваат дека секој трет пар не е целосно задоволен од својот интимен живот, а ние ви носиме неколку правила кои ќе им помогнат, пред се, на жените.

Многу млади жени соочени со незадоволство во нивните интимни животи несвесно придонесуваат за проблемот со тоа што ги задржуваат своите желби и потреби за себе. Експертите нагласуваат дека е важно да се разбере дека отвореноста и искреноста се клучни за постигнување на задоволителна интимна врска. Во спротивно, неможноста да се изразат своите желби може да доведе до чувство на немоќ и незадоволство.

Еве неколку клучни правила за повеќе оган во креветот.

Ако не барате да биде подобро, не можете да се жалите

Многу жени кои се незадоволни од својот сексуален живот за тоа се сами виновни. Ако не му кажете на вашето момче дека има некои работи што ги прави погрешно, немате право да се жалите.

Ако глумите оргазам, тоа никогаш нема да престане

Глумењето оргазам не е многу паметно затоа што вашето момче мисли дека прави се како што треба. Ако сакате да престанете да глумите, треба да седнете со него и да му објасните што се случува.

Мастурбирањето не е само за мажи

Знаеме дека знаете, но има жени кои не знаат. На тој начин можете да откриете многу за себе.

Не сме сите исти

Жените често се жалат на мажите затоа што сакаат да дремнат после секс, додека тие повеќе би сакале да се гушкаат. Не е дека дечко ти не те сака затоа што се врти и сака да спие – едноставно мора.

Не прифаќајте работи што не ги сакате

Многу жени се плашат дека нивното момче лошо ќе реагира ако одбијат некоја негова идеја, па се впуштаат во работи кои не ги сакаат. Ако нешто не сакате, не мора да го прифатите само за да го задоволите момчето.

извор:попара.мк

To top