Љубов и Секс

6 лаги кои мажите редовно ги изговараат за да го „нахранат“ женското его

6 лаги кои мажите редовно ги изговараат за да го „нахранат“ женското его

Мажите главно знаат да лажат за да избегнат некоја голема кавга или испитување од страна на жените.

Погледнете кои се најчестите мали лаги кои партнерот ќе ви ги каже само за да избегне конфликт со вас.

1. Само малку пиев
Многу од мажите сакаат да излезат со своите пријатели, иако се во врски. Секако, постојат и оние кои одвај излегуваат некаде без својата партнерка, но тука станува збор за овие првите. Работата е во тоа што доколку вие го чекате дома, додека тој пие со своите пријатели и гледа натпревар, кога ќе се врати сигурно нема да сака да го дочекате со лут тон на гласот со прашањето: Каде си бил, што си правел, со кого и колку пиеше?, туку едноставно ќе ви каже дека испил малку, ќе ве бакне и ќе легне да спие.

2. Никогаш не гледам во други жени
Како што ни тие не би сакале жените да гледаат во други мажи, така ни жените не сакаат тие да гледаат во други жени. Но, тоа едноставно е неизбежно. Кога ќе помине девојка со длабоко деколте и во хеланки тој мора да погледне,.Не грижете се, доколку гледа во некој тоа не значи дека ќе ве изневери или дека вие не сте му убава, тоа едноставно е посилно од нив.

3. Пораката ми ја испрати другарот
Добил порака која му го сменила изразот на лицето. Сигурно ќе се запрашате кој е тоа, а тој ќе ви каже дека му испратил некој другар нешто иако во суштина тоа е некоја друга жена. Причината за оваа лага е за да не бидете љубоморни. Не е важно кој е, дали тоа е другарка или девојка која некогаш му се додворувала, тој секогаш ќе ви каже дека станува збор за негов другар.

4. Од кога сум со тебе, не гледам филмови за возрасни
За многу од луѓето гледањето филмови за возрасни е како неверство. Зошто некој би го гледал тоа кога може сѐ да доживее во реалноста? Меѓутоа, некогаш се случува да имате циклус или едноставно не сакате да спиете со него, а нему баш му се прави таа работа. За да ја намали тензијата и нервозата тој ќе ги пушти филмовите за возрасни.

5. Да, целосно си во право
Повторно станува збор за избегнување на кавга. Без оглед на тоа дали вие знаете дека не сте во право или сте убедени дека сте, сигурно тоа нема тој да ви го признае. Тврдоглави сме, тоа е сигурно, затоа подобро е да ви каже дека скроз сте во право и да ги зачува нервите, а да ви го нахрани егото.

6. И јас тебе те сакам
Веројатно сте претпоставиле дека ќе има и ваква лага на списокот. Љубовта е комплицирана – сите ја сакаат, но не се целосно способни да ја дадат некому. А, зборот те сакам, не значи за секого исто. Тоа можеби значи дека е заљубен во вас или дека му се допаѓате многу, но не значи дека ве сака во вистинска смисла на зборот.

извор:точка.ком.мк

To top