Популарниот фолк пејач Јордан Митев секогаш отворено зборува пред јавноста за она што му се случува на приватен план.
Па така, ако пред две годинини не сокри за лошите искушенија кои му ги донесе животот како опасниот канцер, операцијата и дијајнозата за автоимуно заболување, денес нема зошто да го крие она убавото.
Велат дека по дождот доаѓа сонце, па за Митев и неговото семејство со Бога напред, доаѓаат многу такви сончеви денови.
Имено, по шест години брак, Јордан и неговата сопруга Славица ќе станат родители за првпат.
Саканата на пејачот е во блажена состојба, а Јордан пресреќен откри дека е време за убави нешта.
View this post on Instagram
-После многу турбуленции и многу други приватни работи конечно очекуваме да не огрее сонце кое ќе донесе радост. Така да наскоро ќе бидам татко, тоа е убава вест“, вели Митев во интервју за Гламур.
Со оптимистична мисла и посветеност на себе, Јордан Митев со помош на лекарите сега е задоволен од сопственото здравје, а со помислата дека наследник или наследничка се на пат, регенерацијата е неминовна.
За потсетување, Јордан и Славица која е родена во Австралија се венчаа по врска која траеше нешто повеќе од една година, а големата свадба се случи во Македонија со сите обичаи кои ги носи нашата традиција.
Нека е со лесно!
фото:Инстаграм принскрин/Јордан Митев