Луѓето велат дека не треба да се разговара за вкусовите, затоа не се прашувајте зошто некој од вашите пријатели го засакал токму тој тип.
Меѓутоа, што е тоа што жените прво го забележуваат кај мажот? Рамената, очите, рацете или просто целокупниот физички изглед?
Многу жени сметаат дека гласот е првото нешто што го забележуваат. Особено кога мажот има длабок, односно доминантен глас. Жените веруваат дека гласот може целосно да го засени остатокот од изгледот на мажот.
А што е уште поинтересно, дамите тврдат дека прекрасниот тон на гласот што го поседува мажот може целосно да го промени неговиот физички впечаток на подобро. Мажите со подлабок глас на жените едноставно им делуваат моќно, секси и автоматски добиваат впечаток дека мажот е полн со самодоверба.
А има уште едно машко тајно оружје… Жените се чувствуваат многу побезбедно со високи мажи. Универзитетот во Јута спровел студија која покажала дека повисоките мажи имаат поголема веројатност да ги заштитат другите отколку пониските мажи.
Ако длабокиот глас и висина ги надополниме со брада, добиваме непобедлива комбинација. Иако ретко која жена ќе се спротивстави на висината и длабокиот глас како клучни физички квалитети, сепак за брадата малку ќе се полемизира.
Сепак, бројни студии покажаа дека повеќето жени сè уште претпочитаат да видат маж со брада над свежо избричено лице.
извор:попара.мк