Балканската ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ летните денови ги поминуваат на својата јахта чија вредност е дури 6 милиони евра.
Брена не сака хотели, па затоа секое лето е на јахта заедно со сопругот кој вчера на море го прослави 60-от роденден.
Имено пејачката како и сите нејзини колешки има работно лето, а во слободното време ужива на својата јахтасо Боба, а постојано имаат и гости кои ги честат храна и добро вино.
Екипата на српски „Телеграф“ овој пат ја улови пејачката сосема сама додека уживаше на својата јахта.
Брена се сончала на палубата од луксузното здание, а во еден момент таа станала и се видело дека е облечена во зебра принт бикини, додека на главата имала шешир за да се заштити од сонцето кое особено овие денови буквално гори.
фото:Тефлеграф.рс/Инстаграм принтскрин