Високите температури нè инспирираат да ги вжештиме работите во спалната соба, а почестите патувања, одмори и прошетки се совршена можност да имаме секс на нови локации и во малку поразличен амбиент.
Овие пет причини говорат зошто ова лето имате шанси за најдобриот секс во животот:
Сексот во вода не се заборава
Најдете некое интимно место покрај море, река и езеро, со минимални шанси некој да ве види и препуштете се на лудите и водени страсти.
Поради жешкото време носиме помалку облека и сме попривлечни
Во лето откриваме повеќе кожа, па со тоа се зголемува и степенот на поголема привлечност.
Магијата на сексот на отворено
Зајдисонце, ветре кое ви ја гали голата кожа – ова лето мора да пробате секс на отворено со саканата личност.
Потта потенцира сексуална возбуда
Телесните „сокови“ повеќе ќе ја распламтат страста и ќе разбудат желба за секс. Испотеното тело на партнерот едноставно ќе ве мами да го допирате.
Возбудливи луди авантури
Кој во животот барем еднаш не мечтаел за луда летна љубовна авантура? Ако со години сте во врска, сексот на годишен одмор може да биде сосема поинакво искуство бидејќи сте поопуштени.
Извор: Кајагна