Има моменти кога мажот не препознава ситуација во која жената покажува дека е заинтересирана за секс.
Нејзиниот говор на тело може да ви открие дали таа сака да биде интимна со вас.
Дише подлабоко
Ако жената е возбудена и во моментот ве посакува, нејзиното дишење станува подлабоко. Тоа е тешко да се исценира, па ако го забележите ваквото однесување, знајте дека таа сака да оди чекор понатаму со вас.
Тогаш, започнете да го „истражувате теренот, обидете се да ја наведете да зборува на таа тема, дури и ако тоа е одоколу.
Ги ниша колковите
Ако забележите дека вашата девојка/сопруга ги ниша колковите, веројатно ве повикува да преземете иницијатива и да поминете време со неа, разменувајќи нежности.
Ве допира
Вие гледате фудбал, а таа седи до вас и нежно ве допира за раката или ногата.
Таа всушност сака да ви го оттргне вниманието од натпреварот, па го прави тоа на суптилен начин.
Започнува разговор
Познато е дека разговорот меѓу партнерите е и добар афродизијак. Доколку сте решавале некој проблем или сте зацврстиле некој договор, можеби тоа ќе биде увертира за секс.
Извор: Попара.мк