Радио Милева љубител на „бесни“ машини

Во својата колекција има неколку луксузни автомобили, а сега покажа еден од нив: Синот на Драгана Мирковиќ со нов „ѕвер“ од 400.000 евра

Во својата колекција има неколку луксузни автомобили, а сега покажа еден од нив: Синот на Драгана Мирковиќ со нов „ѕвер“ од 400.000 евра

Синот на Драгана Мирковиќ,  Марко Бијелиќ љубовта кон автомобилите ја наследил од родителите. Во својата колекција има неколку луксузни машини, а сега покажа еден од нив.

Овој пат новиот „ѕвер“ на синот на пејачката е луксузниот „Rolls Royce Ghost“ чија цена според официјалниот сајт е и до 400.000 евра.

Тој е автоматски со дури 8 брзини, а има и камера за скенирање на патот која му помага на возилото да предвиди неправилности на патот.

Како и кабината на секој автомобил од оваа марка, Ghost е луксузен, а секоја површина, копче и прекинувач се направени од квалитетни материјали. Има и удобен тепих, кожни седишта, детали од вистинско дрво и метал, а има и LED светла за симулирање на ѕвездено небо. Патниците на задните седишта уживаат во луксузот како што се масажа на седишта, систем за забава и простор за нозете.

Марко ја снимал надворешноста на автомобилот, но и внатрешноста додека возел низ Марбела каде е на одмор.

Да потсетиме, Марко претходно се пофали со својот возен парк, џип „мерцедес“, „ферари“ чија цена е над 200.000 евра и возило „КТН“ за кое требаше да издвојат околу 100.000 евра. Има и Chevrolet Corvette Stingray Coupe кое според податоците на интернет чини околу 100.000 евра.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/marko.vnm, Кобра

To top