Рускиот психолог Михаил Лабковски во своето предавање истакнува дека самопочитта е темел на сè во животот.
Самопочитувањето е темел на човековото постоење. Од тоа зависат многу фактори, како што се успехот во кариерата, среќата во љубовта и квалитетот на самиот живот.
Тој напоменува дека заблуда е дека успешните луѓе имаат богато самопочитување, всушност обратно е – самопочитувањето и правилното самоприфаќање е пат до успехот.
„Самопочитувањето надоместува сè – доколку нема посебна убавина, образование и талент, но самиот човек бескрајно се сака себеси и не се сомнева во својата единственост и шарм, сигурно ќе биде посреќен и помоќен, поубав и попаметен, па дури и побогат. Високото самопочитување победува сè“.
Михаил Лабковски тоа го објаснил на следниот начин:
„Драги девојки, често се прашувате зошто самопочитувањето е поважно од убавината и како влијае на односите со спротивниот пол. Ви велам – жената која многу се самопочитува многу и се сака. На мажите подопадлива им е таквата жена затоа што не е фокусирана на своите недостатоци. Таа е добро. Комуникацијата со неа е лесна. Таквата жена остава впечаток дека може да направи сè. Смирените гестови, самоуверениот говор, секако може да се обидете да го имитирате тоа, но комплексите, доколку ги има, сепак ќе се појават во одреден дел од животот.
Доколку сте навистина сигурни во себе, присуството или отсуството на маж во близина на ниту еден начин не треба да влијае на вашиот живот. Доколку сте сами, во ред е, животот не запира. Честото сомневање во себе кај жената се изразува и на фактот дека постојано сака да биде со некого. Трето, самоуверената жена привлекува исто самоуверени и моќни мажи. Мажите со ниска самодоверба, несигурност и комплекси не ѝ се интересни“.
Љубовта, кариерата и многу други аспекти од животот се прекрасни, но најважно е како се чувствуваме. Бидете подготвени да се потрудите да го смените својот внатрешен свет и да се сакате себеси. Штом ќе успеете во тоа, сè останато ќе добие совршен облик и смисла.
Лабковски истакнал: „Сакајте се себеси, на крајот на краиштата. Вежбајте го ова, одбројувајте, простете си себеси, удоволувајте си и не споредувајте се себеси со никој – никогаш“.
извор:точка.ком.мк