Радио Милева благословена

Наоми Кембел на 53 години стана мајка по вторпат и го покажа бебето (фото)

Наоми Кембел на 53 години стана мајка по вторпат и го покажа бебето (фото)

Супермоделот Наоми Кембел доби син на 53-годишна возраст.

Манекенката ја објави веста на Инстаграм и порача дека „никогаш не е доцна да станеш мајка“, по раѓањето на нејзиното второ дете.

На фотографијата што ја објави Наоми го лулка момчето, додека нејзината едногодишна годишна ќерка го држи за рака.

– Мое мало, знај дека си сакан надвор од сите граници и опкружен со љубов од моментот кога нè удостои со твоето присуство, вистински дар од Бога, благословен! Добредојде момче. Никогаш не е доцна да станеш мајка – напишала Наоми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr Naomi Campbell (@naomi)

Следеа бројни пораки од нејзините пријатели и следбеници, а многумина се прашуваа какво име му дала на момчето. Сепак, Наоми не одговори на прашањата.

фото:Инстаграм принтскрин/Наоми Кембел

To top