Средината на месец јули важи за периодот кога е летниот пик, односно датуми кога повеќето заминуваат на летен одмор.
Сепак, како дојдоа повисоките температури од месец јуни, уште пред календарскиот старт на летото, одморите инстантно започнаа. Познатите Македонци не чекаа многу за да се организираат, да спакуваат куфери и за заминат кај јужниот сосед на море.
Водителката Александра Пановска- Илиевска за дестинација ја избра Сивота каде овие топли денови ги поминува на семеен одмор со сопругот Александар и ќеркичката Сара.
Морска авантура, забава на плажа под сонце и на песок, фотографии за спомен и најчесто неизбежното, споделување на дел од тие прекрасни моменти пред следбениците на социјалните мрежи.
Приватноста секогаш била интересна кога се јавните личности, а Александра речиси секогаш била резервирана за откривање нешто повеќе, но не и овој пат.
Водителката на утринската програма имаме прилика да ја видиме во костим за капење со длабоко деколте, а моделот ја истакна нејзината витка линија и долгите нозе.
Слободна, рскомотена и испружена восприемајќи ја целата морска енергија кој природата ја пружа.
Гушнати и сплотени споделувајќи љубов која е бесценета, синергија од летен бран на убаво!
фото:Инстаграм принтскрин/Александра Пановска- Илиевска