Љубомората е природна реакција кога се грижиме за некого и, доколку е присутна во здрави количини, може да биде дури и пожелна. Меѓутоа, неоправданата и патолошка љубомора често е показател за несигурност и подлабоки психолошки проблеми.
Иако најмногу сме загрижени за однесувањето на партнерот во сегашноста и иднината, ниту минатото често не ни дава мир.
Поранешните партнери можат да ни бидат трн во око, па затоа се споредуваме со нив, мислејќи дали сме поубави, попаметни, подобри… А посебни проблеми се јавуваат кога не можеме да поднесеме партнерот да зборува за неговата поранешна љубов или кога сме параноични што сè уште е во контакт со неа.
Како да се реши овој проблем?
1. Нека надвладее разумот
Љубомората кон поранешна девојка или поранешно момче лесно може да се претвори во сомнеж ако емоциите не се држат под контрола.
Поставувањето премногу прашања ќе го изнервира вашиот партнер, кој на крајот ќе престане да се чувствува обврзан да го трпи испрашувањето, а вие ќе почувствувате дека нешто крие од вас.
Справувањето со темата на бившите е чувствително прашање. Трикот е да ги одржувате разговорите прецизни, фактички и ретки.
Верувајте му на партнерот, разговарајте за конкретни проблеми и не зборувајте често за нив. Водете се од логиката, а не од неконтролираните емоции.
2. Не му се лутете на партнерот ако бившиот контактира со него
Агресијата не треба да биде првата реакција кога вашиот партнер зборува за присуство на бивши во нивниот живот.
Контролирајте го вашиот гнев и контролирајте ги емоциите. Оставете го времето да покаже, набљудувајте како се развива ситуацијата.
Но, тоа не значи слабост што покажува на третата личност дека може да се меша во вашата врска.
Обидете се да водите разумен разговор со партнерот доколку чувствувате дека ситуацијата ескалира. Бидете мирни.
Ако вашиот партнер сепак сака да води разговори со бившиот на пријателска основа, ваше е да одлучите дали сте во ред со тоа.
3. Не разговарајте со партнерот за интимните односи што ги имал со бившиот
Правилото за здрава врска е дека таа се заснова на искреност, но кога е премногу искреност лошо? Па, кога станува збор за вакви теми.
Имено, да го прашате партнерот каков бил интимниот однос кој го имал со бившиот партнер е многу токсично.
Тој нема да ви каже детали, а вие ќе мислите дека крие нешто од вас. Ако, пак, ви каже се најдобро, тоа може да ви ја разбуди несигурноста и желбата за споредување.
Прашањето „со кого ти е подобро“ е непотребно и неблагодарно бидејќи ниту еден одговор не е задоволителен на долг рок.
Извор: Попара.мк