Љубов и Секс

Големиот нос е показател за надарени мажи? Науката дојде до нови сознанија

Големиот нос е показател за надарени мажи? Науката дојде до нови сознанија

Ако мислевте дека теориите како мажите со долг нос имаат поголеми пениси се застарени, новите студии покажуваат дека тоа не е баш така.

Велат, колку е поголем носот, толку е подолг пенисот.

Научниците веруваат дека ова се должи на изложеноста на повисоки нивоа на тестостерон во матката.

Познато е дека овој хормон игра клучна улога во формирањето на носот и гениталиите кај момчињата.

Истражувањето на тим од Универзитетската болница Улсан во Јужна Кореја ја поддржува јапонската студија од 2021 година, според која мажите со нос долги 4,5 сантиметри (1,7 инчи) имаат просечна големина на пенис од 10 сантиметри (4 инчи). Но, оние со должина на носот од 5,5 сантиметри (2,1 инчи) можеа да се пофалат со просечна големина на пенис од 13,4 сантиметри – или многу повеќе од пет инчи.

Најновите информации, објавени во „Translational Andrology and Urology“, исто така покажуваат дека мажите со големи стапала веројатно ќе имаат поголеми пениси – бидејќи тестостеронот исто така го контролира формирањето на екстремитетите во матката.

За најновото истражување, 1.160 мажи на возраст од триесет години биле регрутирани и измерени според големината на нивниот нос во споредба со големината на нивните пениси без ерекција. Големината на носот се одредува според должината од аголот на окото до дното на секоја ноздра.

Нивната машкост била многу повпечатлива ако имале и голем нос.

– Големината на носот е важен показател за големината на пенисот. И обемот на пенисот се зголемуваше со големината на стапалата. Неколку студии сугерираат дека изложувањето на хормони во пренаталниот период влијае на растот на репродуктивните органи – вели д-р Сунгву Хонг, а пренесува „Dailymail.co.uk“.

Извор: Попара.мк

To top