Радио Милева Дојде Јосиф

Познатиот пејач стана татко за првпат: Возбудените мама и тато не можеа да додржат да не се видат, па се радуваа преку прозорецот на ГАК (фото)

Познатиот пејач стана татко за првпат: Возбудените мама и тато не можеа да додржат да не се видат, па се радуваа преку прозорецот на ГАК (фото)

Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски и неговата избраничка, планинарката Ирина Дишовска, станаа родители за првпат.

На свет дојде здраво машко бебе тешко 3.450 и долго 52 см, а го доби името Јосиф.

Ирина се породила во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а веднаш откако беше сместена во одделот кај родилките, среќната мајка излезе на прозор за непосредно да ја подели неизмерната среќа со саканиот и исто толку возбуден татко.

Имаа можност за ова бидејќи прозорците на ГАК се на приземје, а моментот беше овековечен со фотографија која се најде на социјалните мрежи.

Познатиот тенор и планинарката според медиумите важат за еден од најшармантните македонски двојки. Павле и Ирина се венчаа во февруари годинава, а невестата тогаш веќе беше со нараснато стомече.

Честитки!

To top