Чекањето секогаш, ама баш секогаш ни се чини вечност. Некои од тоа ги фаќа нервоза, а некои пак знаат како тоа време да го исористат рационално и креативно. Токму тоа го направи македонската пејачка Теа Трајковска која откри за себе дел од приватноста и призна дека таа не е „риалити персона“ туку сака да остане препознатлива само и само по музиката.
Инстаграм прашалникот кој го направи за време на чекањето таа го сподели со сите фанови, а изнесе и некои приватни тајни од нејзиниот живот.
– Ја чекам мајка ми точно 40 минути во кола – се пожали пејачката на нејзините фанови кои и го исполнија времето и се дружеа со неа за време на моментите поминати во чекање.
Најпрво сите беа заинтересирани за нејзината музика и кога ќе има нешто ново, а Теа со одговорот доста ги израдува.
– Кога нова песна?
– Броиме прсти од една рака.
Едно љубовно прашање беше веднаш на нејзиното мени за одговарање и гласеше:
– Дали би простила неверство ?
– Не – пресече Теа.
Таа откри и дека сѐ уште не испланирала каде ќе го помине летниот одмор, но како и да е сепак на море ќе оди.
– Каде на одмор – јасно гласеше „Инстаграм“ прашањето.
– Искрено не знам, ама ќе паднат неколку дена на море следната недела.
– Зошто не го експонираш повеќе приватниот живот – беше едно од следните прашања на некој од нејзите многубројни фанови.
– Затоа што сум артист, а не reality personalityи сакам да ме препознаваат по мојата музика, а не по глупости.
– Од колку години сакаше да бидеш пејачка – на што таа одговори дека друга опција во игра воопшто никогаш ниту била:
– Никогаш не сакав да бидам нешто друго ова ми е нешто како „вистинска љубов“.
Пејачката без проблем го откри нејзиното хоби, а тоа што неа во слободно време ја интересира е што велат ѕвездите, ама оние во хороскопот.
Претпоставуваме, мајка и дошла брзо па, прашањата беа тие без селекција и менување, а Теа со автомобилот среќно и исполнето си заминала без никакви драми.
Фото: Принтскрин/Инстаграм.Теа Трајковска