Истражувачи од Тексас провериле како сексуалната желба е поврзана со возраста, пишува Your Tango.
Биолошкиот часовник и неговото отчукување влијае на желбата за секс.
Во своите триесетти, жените често можат да го слушнат тој часовник. Токму тој ги принудува жените „да ги искористат преостанатите години за раѓање деца“ и на тој начин нивното либидо се зголемува во одреден период од нивниот живот.
Студијата, објавена во списанието Personality and Individual Differences, опфатила 827 жени кои биле поделени во три групи: висока плодност на возраст од 18 до 26 години, ниска плодност помеѓу 27 и 45 години и менопауза од 46 години па наваму.
Врз основа на одговорите на учесниците во онлајн анкетата, истражувачите откриле дека жените на возраст од 27 до 45 години (оние во категоријата со ниска плодност) имаат „зголемен сексуален нагон како одговор на опаѓањето на плодноста“ и дека имаат „чести сексуални фантазии, активен сексуален живот и подготвеност за неврзан секс“.
Извор: Попара.мк