Љубов и Секс

Манипулаторите ги изговараат овие 5 реченици

Манипулаторите ги изговараат овие 5 реченици

Манипулатор во нашето опкружување може да биде секој. Понекогаш тоа не го прават намерно, но тогаш се уште полоши бидејќи не се свесни за своите постапки.

Меѓутоа, и свесните и несвесните манипулации се вклучени секогаш кога тоа ним им одговара, за да имаат корист или да излезат од дадена ситуација.

Ова може да биде многу опасно за вашиот живот. Затоа, научете да препознавате манипулатор по овие реченици и исклучете го од вашиот живот. Згора на тоа, можеби вие сте тој што манипулира без да го знаете тоа.

Дали вие или некој ваш близок често ги употребувате овие реченици?

„Не ме разбираш“

Секој обид за рационализирање на ситуацијата завршува со тврдењето на соговорникот дека едноставно не го разбирате? Оваа тактика се заснова на обид да се попречи рационална и разумна комуникација, а во исто време од него прави – жртва.

„Претеруваш“

Манипулаторите обично се оние кои се премногу драматични: лажат, извртуваат расправии, плачат вистински или лажно, честопати ги обвинуваат другите дека внесуваат непотребна драма во врската и дискусијата и дека премногу анализираат и со тоа ги менуваат вашите улоги. Не дозволувајте тоа да ве поколеба – ако добивате ваква реакција секојпат кога ги споделувате вашите мисли, веројатно не претерувате.

Целта на ова однесување е да ве спречи отворено да се изразувате, а манипулаторот потоа ќе успева во сè што ќе посака да направи во вашата врска.

„Пречувствителен/а си“

Во очите на манипулатор, без грам емпатија, можеби сте премногу чувствителни затоа што тој не може да ги види работите од ваша перспектива. Во секој случај, ако личноста со која се обидувате да решите проблем – секогаш главна одбрана му е дека сте премногу чувствителни, неговата цел е да ве натера да се чувствувате несигурни во сопственото расудување. Па така, мислите дека реагирате бурно и дозволувате емоциите да ве водат, за да не ги гледате работите реално и наместо вистински да бидете виновникот, се сомневате во себе.

„Имаш потреба од мене“

На овој начин, манипулаторот воспоставува целосна контрола – мислите дека не можете без него или нешто од негово. Ако му верувате, манипулаторот е тој што ја има моќта, бидејќи контролата е неговото главно оружје.

„Секогаш го правиш ова“

Кога манипулаторот ја користи оваа реченица, се случило следново: или вашата наводна тврдоглавост му пречи во неговите намери, или се обидува да ви всади несигурност и чувство на вина. Па така, тие се поставуваат над вас, како некој кој гледа сè реално и објективно, додека вие се вртите во круг и ги повторувате истите грешки, заслепени од погрешно расудување.

To top