Во балансирана емотивна врска, двете страни подеднакво го поставуваат „тонот“ или текот на врската.
Секако дека и двајцата партнери се подеднакво одговорни за развојот на врската, заедно носат одлуки и внимаваат еден на друг. За жал, тоа може брзо да стане неурамнотежено во некои партнерства, и на крајот одеднаш само еден партнер е главен.
Еве три јасни знаци дека не го имате влијанието што го заслужувате во вашата врска.
1. Ги криете своите чувства
Ако немате доволно слобода секогаш да му кажувате на партнерот како се чувствувате, без разлика дали е лош ден или немате енергија, запрашајте се зошто тоа го криете од „другата половина“.
Доколку ви се случи бесот да не можете да го споделите со партнерот, тоа е „црвено знаме“ кое покажува дека нешто не функционира како што треба во вашата врска. Партнерите мора секогаш да бидат максимално отворени еден кон друг.
2. Претерано извинување
Секому му се случуваат грешки, но немојте да се извинувате секој пат за се што сте направиле или кажале.
Ако чувствувате дека само вие ја преземате одговорноста за сите грешки, а вашата „друга половина“ никогаш не го прави тоа, ова е уште едно „црвено знаме“ на кое треба да обрнете внимание.
3. Шега, но само на ваша сметка
Смеата и шегите на сопствена сметка се составен дел од секоја здрава врска.
Ако се прашувате дали смеете да се шегувате пред партнерот, особено ако тој се шегува само на ваша сметка, вие двајца не сте на рамноправна основа. Запрашајте се, дали е навистина потребно секогаш да ги избирате зборовите во љубовта?
извор:попара.мк
фото:shutterstock