Љубов и Секс

Дами, дали веќе го најдовте: Овие каракетристики го красат совршениот маж

Дами, дали веќе го најдовте: Овие каракетристики го красат совршениот маж

Треба да сака стабилност и да сака да ве гледа среќна. Мора да ве почитува и да ви дозволи да имате свој живот.

Никој не вели дека треба да барате совршенство, но некои карактеристики е неопходно да ги поседува совршениот маж.

 

За да биде вистинскиот за вас тој треба…

 

– Да има работа. Не треба да барате некој што ќе ве издржува, туку некој што е стабилен и има замисла за иднината.

– Да биде „достапен“. Говориме и физички и емоционално. Да има време за вас и да сака комплетно да ви се посвети.

– Да биде културен. Сите жени сакаат лидери, но маж со преголемо и его и ароганција не ви е потребен во животот.

– Да нема нездрави зависности. Треба да го сака своето тело и да се грижи за себе, а не да му наштетува.

– Да има добра врска со семејството. Во секое семејство има драма, но на крајот од денот родителите, браќата и сестрите ни се сè. Односот со неговите говори многу за него.

– Да знае да комуницира со вас. Треба да биде отворен со вас и да ги покаже своите емоции, стравови и мислења.

– Да прави да се чувствувате важни. Да ви покаже дека се грижи за вас и дека ве цени.

– Да ви дава сигурност дека со него можете да бидете природни. Кога се грижите за килограмите или фустанот да знае да ве утеши со добар збор.

– Да ве третира со почит. Не смее да користи навреди и погрдни зборови.

– Да ви дозволи да имате свој живот. Треба да верува во вас и да ви даде простор за да ги правите работите што ги сакате.

– Да ве смее. Ова е многу едноставно, но многу важно. Треба да сака да ве гледа среќна и да се труди да ве направи среќна.

Извор: Попара.мк

To top