Љубов и Секс

Физички особини што најмногу ги привлекуваат и мажите и жените: Еве што вели истражувањето

Физички особини што најмногу ги привлекуваат и мажите и жените: Еве што вели истражувањето

Привлекувањето потенцијален партнер само врз основа на карактеристиките на личноста е многу романтична идеја, но за жал, луѓето се уште се прилично површни кога станува збор за машко-женската хемија. Или барем физичкиот впечаток е она со што прво се соочуваме.

Повеќето луѓе сметаат дека истите работи се привлечни поради еволуцијата, но исто така е вистина дека убавината е во окото на гледачот и дека она што луѓето го сметаат за привлечно е целосно субјективно, поради што „Your Tango“ нагласува дека овие наоди треба да се земат со доза резерва.

Еве ги првите пет физички особини кои се најпривлечни и се смета дека создаваат инстант хемија.

  1. Насмевка

Најуниверзално споменувана карактеристика што луѓето ја сметаат за најважна кога станува збор за физичката привлечност е – одличната насмевка.

Тоа е една карактеристика што повеќето луѓе во анкетата на Американската стоматолошка асоцијација ја навеле како „многу важна“. Истите наоди се нашле и во годишното истражување „Match.com“ за самци во Америка истата година. Онлајн анкета на 5.481 самци покажлаа дека насмевката е една од трите најважни особини, заедно со граматиката и самодовербата.

  1. Очи

Велат дека очите се прозорци на душата и откриваат многу за луѓето.

Во истражувањето на повеќе од 1.000 луѓе, жените и мажите се согласиле дека „очите се најважната карактеристика на лицето на потенцијалниот партнер“. Во исто време, повеќето мажи и жени сметаат дека сината боја на очите е најпривлечна. Освен сината, студијата покажала дека мажите претпочитаат жени со зелени очи пред оние со кафени, додека жените им даваат мала предност на мажите со кафени очи пред оние со зелени.

  1. Гради

Можеби ова не ве изненадува толку многу, но мажите често ги одмеруваат градите на жената пред да го погледнат нејзиното лице.

Шокантно, знаеме. Во анкета на „Women’s Health“ од 2016 година, повеќе од 6.000 машки следбеници на Твитер биле прашани кои физички карактеристики им се најпривлечни и, очигледно, ги сакаат градите.

  1. Стомак

Ако сте правеле стомачни како луди, можеби ќе ви биде утешно да знаете дека вашите напори не биле залудни. Кога „Fast Life.com“ анкетирал повеќе од 1.000 мажи и жени за физичките особини што ги сметаат за најпривлечни кај спротивниот пол, стомакот се рангирал многу високо на двете страни.

Додуша, кај жените малку повисоко. Жените го истакнале машкиот стомак како една од најатрактивните карактеристики, со просечна оцена од 3,17 на скалата на важност од пет степени. Кај мажите, стомакот на жената е на второ место по градите.

  1. Коса

Кога истражувачкиот тим „PlentiOfFish“ собрал податоци за повеќе од 81.000 кориснички профили и речиси два милиони пораки меѓу оние на возрасната група од 25 до 35 години, тие откриле дека бојата на косата на мажот има дефинитивно влијание врз тоа дали тој ќе привлече жена.

Мажите со кафена коса добивале 20 отсто повеќе пораки од мажите со која било друга боја на коса. Русокосите се на второ место, а оние без коса на изненадувачко трето место.

Извор: Попара.мк

To top