Радио Милева густо и напнато

Се огласи полубратот на починатиот син на пејачот Синан Сакиќ: „Како живееше, така и умре“

Се огласи полубратот на починатиот син на пејачот Синан Сакиќ: „Како живееше, така и умре“

По повод ненадејната смрт на Рашид Сакиќ, синот на пејачот Синан Сакиќ, се огласи и неговиот полубрат Ален со кој имаше повеќе од заладени односи.

Синот на Синан Сакиќ Рашид почина во Сремска Митровица каде ја издржуваше затворската казна, а неговата мајка Велида е неутешна поради трагедијата што ја снајде.

За смртта на Рашид беше известен и неговиот полубрат Ален, кој сега проговори:

– Што да кажам кога не бевме во контакт. Не ми е грижа. Како што живееше, така и умре. Немам никакви информации за него ниту сега ниту претходно – изјави Ален за 24sedam.

Семејството Сакиќ во текот на животот на фолкерот се карактеризирало со исклучително лоши односи, но по неговата смрт тие станувале се полоши и полоши. Покојниот Рашид и неговата сестра Ѓулкица особено биле во лоши односи, а тој неколку пати и се заканувал.

фото:Фејсбук

To top