Љубов и Секс

Која поза во се*сот жените не ја сакаат?

Која поза во се*сот жените не ја сакаат?

Излегува дека на жените најмалку им се допаѓа позата што мажите навистина ја сакаат

Не е тајна дека жените и мажите имаат различни мислења за секс позите, а со тоа и различни желби. Ова уште еднаш го потврди истражувањето за сексуално задоволство во кое учествувале 1.111 жени од различна возраст. Едно од прашањата во анкетата било за најлошата поза во сексот.

Излегува дека најнеомилената поза на жените, која многу им се допаѓа на мажите, е обратната каубојка.

Зад ова име стои позата во која мажот лежи на грб, а жената седи или клечи на него свртена со грб. Во анкета на машкото списание „Men’s Health“, мажите ја наведоа оваа поза како поза што би сакале да ја практикуваат што повеќе со своите партнерки.

А зошто не им е привлечна на жените?

Според исповедта на испитаничките во анкетата, тие оваа поза ја сметаат за доста здодевна и монотона. Им недостига погледот кон партнерот кој обезбедува доза на интимност.

Со вртење грб се оддалечуваат од партнерот кој поради оддалеченоста и нивната лежечка положба тешко може да обезбеди рачна стимулација на нивните ерогени зони.

Исто така, признале дека поради сите наведени фактори тешко постигнуваат оргазам во оваа поза и затоа помалку ја практикуваат.

извор:попара.мк

To top