Тетиот триместар од бременоста на пејачката Антониа Гиговска влегува во неделите кога возбудата на идните родители се повеќе и повеќе расте, особено кај кај мајката која го очекува своето прво чедо.
Гиговска уште од почетокот на големите промени во својот живот обзнани пред целата јавност преку социјалните мрежи, а акцентот освен на мажачката со клавијатуристот и трапер, Роберт Спаценкоски, падна на бременоста.
Идната мама која треба да се породи кон месец јули обожава да го фотографира својот труднички стомак, а по примерот на познатите и таа заедно со саканиот направија заедничка фотосесија.
Овој пат, имаше повод – откривање на полот на бебето кој се досега го држеше во тајност.
„Нашиот капетан сладок е на пат. Едвај чекаме да те запознаеме“- пишува Антониа за фотографиите направени со природа.
Синчето доаѓа наскоро, а породувањето е планирано да се случи во една приватна болница во Скопје каде ја следат бременоста на пејачката.
фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска