Љубов и Секс

Пет мисли кои им поминуваат на мажите низ глава кога ќе видат гола жена

Пет мисли кои им поминуваат на мажите низ глава кога ќе видат гола жена

Голото женско тело има хипнотизирачка моќ над мажите. Кога жената ќе се соблече пред нив, тие забораваат на се останато и само сакаат да се препуштат на сопствените задоволства, но и на задоволствата на партнерот. А што всушност им поминува низ главите на мажите кога ќе видат жена гола?

Многу жени мислат дека нивните партнери размислуваат само за несовршености кога ги гледаат нивните голи тела, но мажите дури и не го гледаат она што жените го доживуваат како мана. Во продолжение прочитајте што им поминува низ мислите во тој момент.

1. Остани кул.

Кога жената ќе се соблече пред маж, без разлика колку пати ја виделе таа глетка, сè во неговото тело „дивее“. Срцето му чука побрзо, крвта тече до препоните, главата му чука, па не може ни да размислува исправно. Тие не сакаат да остават впечаток дека никогаш досега не виделе гола жена, поради што се трудат да останат ладни и присебни. А всушност, повеќе би сакале да почнат да викаат од среќа и возбуда.

2. Обиди се да издржиш …

Мажите постигнуваат оргазам побрзо од жените, што не само што значи дека треба да вложат дополнителен напор, туку и сопственото задоволство го одложуваат на задоволство на жената. Затоа, иако повеќе би сакале да водат љубов диво, понекогаш мора да водат љубов во побавен ритам со кој барем се надеваат дека истовремено ќе можат да кулминираат.

3. Барем да знаев што сакаше да направам…

Жени, не плашете се да ги насочите малку мажите. Нивната работа е многу полесна кога им давате повратни информации. Шепнете им ги вашите желби на уво, движете им ги рацете каде што сакате, преземете ја контролата и покажете што ве пали.

4. Имам многу среќа.

Мажите едноставно ги обзема чувство на благодарност кога ќе видат жена гола.

5. Што би можело да ја натера да се чувствува несигурно?

И мажите имаат свои несигурности, но тој сепак тешко ги разбира женските „кочници“ кога се толку фасцинирани од женското тело. Ако жената ги покрива градите со рацете, се крие под јорганот и не може целосно да се опушти, вистинскиот маж ќе направи се за таа да се чувствува добро. Овие несигурности навистина не им пречат на мажите, но уште повеќе сакаат кога жената гордо им ја покажува сета своја убавина.

извор:попара.мк

To top