Неодамна пејачката Тамара Тодевска помина неколку дена во Белград каде преку тамошните медиуми ја промовираше својата најнова песна „Нијагара“.
Секако, медиумите освен она што е ново на музички план, ги интересираше и приватноста на пејачката и разводот, односно разделбата од сопругот Александар Димитровски со кого по седум години брак реши да стави крај на љубовната приказна и заедничкот живот.
Како што вели и самата за Пинк ТВ, одлуката не ја донела преку ноќ, а сега признала дека долго време живеела во агонија.
– Во тој „кафез“ бев многу долго, живеев во агонија, се’ се вртеше во круг, па тие зборови излегоа од мене од некој гнев. Додека пишував ми се врати она што ми се случи во претходниот период. Решив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека е лесно, ако навистина го сакате. Тоа е за сите што имале проблем со говорот на омраза, за сите што некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, имале безизлезна ситуација – рече Тамара најпрвин зборувајќи за текстот од песната чиј автор е таа, а потоа се осврна на разводот.
– Сè уште сум официјално во брак, но повеќе не живееме заедно. Во одлични односи сме, имаме две деца и подобро се сложуваме отколку кога бевме во брак. Одлично е што направивме еден за друг – истакнува Тамара која по разделбата од сопругот имала голема поддршка од семејството и пријателите.
– За се има излез, само треба да верувате. Не излегов сама од тоа, има пријатели, родители, психолози, не се срамам од тоа. Најважно е што излегов од тој кафез – заклучи Тамара.
Инаку, неодамна Тамара Тодевска организираше роденденска прослава за седмиот роденден на ќеркичката Хана каде што присуствуваше и таткото, па покажаа дека кога децата се во прашање, се друго останува во позадина.
фото:Инстаграм принтскрин/Пинк ТВ