Љубов и Секс

Коренот на сите пропаднати врски се наоѓа во оваа невика

Коренот на сите пропаднати врски се наоѓа во оваа невика

Сигурно многу пати досега сте слушнале колку е опасна тишината. Студеноста во речиси секоја врска доаѓа од неспособноста на едниот или двајцата партнери за дијалог.

Потоа доаѓа тишина – и не онаа во која веќе сме кажале сè, туку онаа во која не сме кажале многу работи.

Експертите предупредуваат дека најопасен е „тивкиот третман“ и дека тоа е најпогубната навика во врската.

Што точно е тивкиот третман?

Според основната дефиниција, „тивок третман“ е одбивање вербална комуникација со некој што сака да комуницира. Овој тип на однесување се однесува на избегнување контакт со некого, обично кога чувствувате дека ви згрешиле или сте непочитувани.

Свесно или несвесно оваа комуникациска стратегија се користи за казнување или предизвикување реакција од целта.

На пример, ако се чувствувате повредено од нечиј коментар, тогаш може да ја искористите тишината како начин да го отстраните вашето присуство кај личноста што ве повредила – во обид да ја казните.

Мотивацијата за ваквото однесување е желбата другата личност да одговори на начин што ќе потврди дека го забележала вашето однесување и дека е повредена од вашето молчење или отсуството на вашето присуство.

Што НЕ Е тивкиот третман?

Молчењето и поставувањето граници не се иста работа и не треба да се мешаат. За подобро да разберете што не е „тивок третман“, треба да разберете што се „границите“.

Границите, во здравата комуникација, се намерни блокови за да се спречи постојана повреда и злоупотреба. Пример може да биде прекинување на телефонски повик со некој што ве нарекува со имиња или на друг начин вербално или емоционално навредува.

Ако не сте ја разјасниле потребата за граница, тогаш нејзиното поставување е всушност „тивок третман“ и е поштетен отколку што мислите.

Меѓутоа, проблемот најчесто се јавува кога постојано комуницирате со некого за линијата што личноста постојано ја поминува. Тогаш најлесно е да замолчите и едноставно да се исклучите.

Но, поентата е во тоа што си наштетувате себеси кога не кажувате и не покажувате што навистина се случува во вашите срца и умови.

Премолчувањето можеби делува за момент, но долгорочно никогаш не е и нема да биде продуктивно, пишува „YourTango“.

извор:popara.mk

To top