Последниот ден од месец април, 30-ти, беше и ќе остане еден од најзначајните во животот на пејачот Даниел Кајмакоски и неговата новопечена сопруга Марина, а тоа е поради раѓањето на нивното првенче, синчето Стефан.
Откако ја објави првата фотографија на наследникот од породилиште преку која откри дека се родил неговиот втор наследник, Даниел е во облаци од среќа, гордост и неописливо чувство од убаво.
Сега, објави уште една, нова фотографија од бебето преку која пред се е благодарен на Бога за благословот, а потоа им се заблагодари на сите кои честитаа.
-Господе, ти благодариме што не благослови. Нека е жив и здрав малиот Стефан. Им благодариме на сите што се радуваат заедно со нас, прекрасни се вашите пораки и честитки, пишува тато Даниел.
Инаку, Кајмакоски се до неодамна беше мистериозен за идентитетот на неговата избрачичка, па засега познато е само нејзиното име Марина, тоа дека го освои неговото срце, а сега му роди и наследник.
Даниел и Марина се венчаа во месец јануари, а невестата беше во блажена состојба, но за тоа дека ќе станат родители обзнанија неодамна, односно непосредно пред породувањето.
View this post on Instagram
Ова е второ синче на пејачот, а од првиот брак со моделот, мисица и пејачка Кристина Димитриевска го има шестгодишнот Давид.
фото:Инстаграм принтскрин/