Не треба инструкции за секс, само страст, согласност и желба.
Меѓутоа, понекогаш не е лошо да се имаат предвид фактите што можат да го подобрат задоволството, особено ако мажите се несигурни затоа што се „надарени“ под просекот.
Ако сакате да уживате во целост, пробајте една од овие три фантастични пози.
Најдобра поза за „надарените“
Иако големината во повеќето случаи не игра пресудна улога, многу е важно и двајцата партнери да се чувствуваат удобно и да доживеат кулминација. Една од најдобрите пози за многу мажи со натпросечно голем пенис е кога двајцата се свртени еден кон друг, легнати на страна, а жената го има „прегрнато“ мажот со двете нозе околу половината. Внимавајте само да не ѝ натежнете многу на партнерката на ногата што е под неа. Движењата се минимални, но ефектни.
Најдобра поза за „потпросечните“
Бидејќи е докажано дека дури и мал пенис може целосно да ја задоволи жената, она што игра голема улога е техниката, односно движењата и држењето на телото. Најдобра поза е онаа во која доминира мажот.
Класична doggy style поза во која мажот пенетрира со кружни движења или мисионерска положба во која жената ги држи нозете на рамениците на партнерот, за полесен пристап, се пози што ќе ја задоволат секоја жена.
Најдобра поза за оние на кои им се брза
Потребно е време за жената да доживее оргазам, а понекогаш се случува партнерот да не може да чека. Позата во која мажот седи на работ од креветот со нозете на подот, а жената му е седната во скутот додека го „прегрнува“ со нозете околу половината и рацете околу вратот е совршен избор за двајцата партнери.
Во оваа позиција, триењето е многу слабо, така што предвремената ејакулација е речиси сигурно одложена, а мажот може со едната рака да го стимулира клиторисот на партнерката, за да ѝ помогне да кулминира во исто време со него.
Извор: Кајгана.мк