Љубов и Секс

Колку често е нормално да се има секс во врска?

Колку често е нормално да се има секс во врска?

Ова е прашање кое мачи многу парови, а сега ви го носиме одговорот

Колку секс е нормално во врската? Колку пати сте си го поставиле ова прашање? И никогаш не сте сигурни кој е одговорот.

Причината за ова е што нема точен или неточен одговор на тоа.

Количината на секс во врската зависи од индивидуалните потреби, желби и можности. Либидото на секој човек е на различно ниво и не мора да значи дека вие и вашиот партнер сте на иста бранова должина по ова прашање.

И тоа е во ред, се додека вашите потреби се усогласени. Иако потребите на партнерите ретко се сосема исти, тоа не е невозможно. Има и такви парови кои имаат секс 2 до 3 пати неделно и се во ред со тоа, додека има и такви кои го прават тоа еднаш месечно.

Во секој случај, сè е одлично додека не дојде до промена на потребите и еден партнер не се почувствува лошо поради тоа. Тогаш најдобро е отворено да му кажете на партнерот што ве мачи, бидејќи само така ќе го решите проблемот. Најдобро е да се најде средина, бидејќи така и двајцата партнери можат да го добијат приближно она за што сонуваат и што сакаат.

Човечката сексуалност е навистина многу широк спектар во однос на сите можни преференции и, бидејќи различни луѓе сексуално се возбудуваат од различни нешта, пози и движења, тешко е да се зборува за нормална количина на секс.

Иако постојат бројни студии на оваа тема кои произведоа одредени статистики, не треба да се грижите ако не се вклопувате во мнозинството. Најважно е сопственото задоволство и способноста да водите здрав разговор за вашиот сексуален живот со партнерот.

Ако вашиот партнер често не сака да има секс, можеби треба да се потрудите повеќе. Колку повеќе внимание, допири, милувања, но и пораки, погледи, толку е поголема веројатноста дека либидото на вашиот партнер ќе биде поизразено.

Важно е да се чувствувате добро и да немате скриени фрустрации, а се друго може да се поправи.

извор:попара.мк

To top