Љубов и Секс

Седум видови фантастичен секс: Се пронаоѓате ли себеси?

Седум видови фантастичен секс: Се пронаоѓате ли себеси?

Немојте да бидете скептични кон сексот во униформа или помагалата, тие имаат некој магија која вас и вашиот партнер ќе ве поврзе на едно посебно ниво. Било каков секс, а поготово нешто ново, влијае на тоа вашата врска да ја одржите на успешен и задоволувачки начин.

  1. Секс за смирување

 

Сите знаеме на што точно се однесува сексот за смирување. Иако можеби тој и не е најдоброто решение за проблемите, понекогаш практикувајте го во својата спална соба. По жестоките караници, сексот ќе биде одличен, емотивен и страствен. Адреналинот кој тогаш го имате во себе ќе го предизвика вашиот ум на големо сексуално возбудување кое ќе ве доведе до проврзување на едно повисоко ниво. Исто така, по сексот веројатно ема да знаете зошто воопшто сте се скарале, а ќе и бидете повеќе физички и емотивно поврзани.

 

  1. Секс изненадување

 

Пробајте да не го испланирате сексот. Тоа значи дека едноставно не размислувате за него, туку нека биде како и кога треба биде. Најдобро е кога работите едноставно ќе се случат сами од себе. Од друга страна пак, изненадувачкиот секс може да биде и нешто на што ќе и приуштиуте на саканата личност кога најмалку се надева. Бидете заводливи. Вашето тело во тој момент ќе му биде доволен подарок, а вам ќе ви биде задоволство што ќе го направите среќен и задоволен. Но, и себе секако.

 

  1. Утрински секс

 

Утринскиот секс, колку и некои да не го сакаат, има своја посебна магија. Нема ништо посебно од тоа кога ќе се разбудите, а до себе ќе ја видите саканата личност. Таа глетка зачинете ја со малку мазење, допири, а на крајот и секс. Тоа ќе биде утро кое на вашето лице ќе измами насмевка која сигурно ќе се задржи цел ден.

 

  1. Секс во униформа или костум

 

Испробајте некои нови улоги и оживејте ги св оите скриени желби. Иако вам ви изгледа чудно, овој вид на секс може да биде страствен и примамлив. Немојте да ви биде срам да облечете униформа на медицинска сестра, облечете се како собарка или нешто слично. Се е дозволено. Ниеден маж нема да остане рамнодушен кога ќе ве види полни со самодоверба како го вртите задникот и го предизвикувате.

 

  1. Страствен и лудачки секс

 

Во друштво сте, а толку многу сте „запалени“ што едноставно едвај чекате да се расоблечете? Горите од желба да почнете да се допирате? Она што следи е страствен, интимен и лудачки секс. Тогаш можете да ги земете работите во свои раце и да се опуштите до крај. Овој вид на секс може да ве поврзе на исто ниво како и водењето на љубов. Совет: Замислете секси сцена со вашиот партнер пред сексот да дојде до крајната фаза, може да ви се подигне нивото на возбуда и да постигнете поголемо сексуално задовлство.

 

  1. Безбеден секс

 

Безбеден секс=заштита. Сите знаеме на што точно се однесува. Иако страстите понекогаш можат да ве однесат во друг смер секогаш имајте на ум да се заштитите на вистински начин и од надворешно преносливи болести и од нејзината бременост. Сексот со добра заштита може да биде одличен, а ќе ви ги скрати и маките и загриженоста доколку нешто појде на начин на кој не сте планирале.

 

  1. Романтичен секс

 

Кога сте заљубе ни, романтичните моменти значат многу. Тоа не го вклучува романтичниот секс, туку допирите, бакнувањата и милувањата кои тогаш се посебни. Меѓутоа, романтичниот секс значи всушност водење на љубов. Тој момент додадете некои финеси, како миризлива свеќа, шише црно вино, направете вечера за двајца…Доживувањето ќе биде целосно, а чувството фантастично.

Извор: Попара.мк

To top