Љубов и Секс

Колку секс е потребно за здрава врска?

Колку секс е потребно за здрава врска?

Дури и ако прашувате за пријател, сигурно е дека има едно мало, љубопитно делче од вашиот мозок што секогаш се прашува дали врската без секс може да се одржи во живот.

Всушност, многумина се збунети зошто не секогаш се чувствуваат расположени за секс. Како резултат на ова, едни имаат секс поради својата совест, односно поради фактот што физичкиот контакт му е многу важен на партнерот, а други сами туркаат низ „сушните периоди“.

 

Но, дали врската без секс навистина толку треба да ве загрижува? Експертите велат дека и таквата врска може да биде потполно здрава.

 

„Врската може да биде здрава ако партнерите не практикуваат секс многу често, но само ако и двајцата се сложуваат околу фреквентноста. Не постои универзално правило за тоа што значи да имате редовен секс – за некој тоа би можело да значи еднаш неделно, додека за друг би можело да значи секс само на годишнина. Ниту едното, ниту другото не е погрешно. Луѓето не треба да гледаат надвор од својата врска за да утврдат дали нивниот сексуален живот е задоволителен и здрав, туку треба да го прават она што им одговара во оваа смисла.“

 

Не постои ниту универзална формула за тоа колку секс е доволен за секоја дадена врска да се одржи во живот. За сексуалните луѓе, сексот и интимноста се лепилото кое ја чува врската во форма. Можеби ова е многу груб опис, но без секс, во суштина вие сте само цимери со партнерот.

 

Може да се појави проблем во инаку здрави односи ако постои несовпаѓање во желбата. Неусогласеното либидо и / или интересот за секс се сосема нормални, бидејќи е невозможно секогаш да се чувствувате подеднакво сексуално како и вашиот партнер.

 

Предложениот план за акција е двете страни да го разберат сексуалниот нагон во зависност од тоа што се случува во животот.

 

Бидејќи одредени лекови, изборот на начин на живеење и здравствените состојби можат да влијаат на либидото, размислете дали постои можна надворешна причина за вашата незаинтересираност.

 

Многу причини може да објаснат зошто некој воопшто не е заинтересиран за секс – хронична болест, сексуална траума во минатото, општо претпочитање за допир и интимност од асексуални активности, менопауза и / или стареење, и уште безброј други фактори.

 

Без оглед на тоа што е најблиску до описот на вашата ситуација, комуникацијата е клучна, бидејќи кога не се исполнети или обработени потребите на еден или на двата партнери, последицата е огромна.

 

Без комуникација, чувството на отфрлање, осаменост и разочарување само ќе се таложат, а потоа ќе доведат до незадоволство и гнев.

 

Незадоволството од сексуалниот живот може да се прелее во другите сфери на врската, што го отежнува постигнувањето на здраво партнерство. Никогаш не е лоша идеја да побарате советник за двојки или сексуален терапевт кој може да помогне во ваква ситуација.

 

Ако еден или двајцата партнери не се задоволни со фреквентноста на сексот, но обајцата се посветени на компромис и комуницирање, лесно ќе изнајдат решение да ја одржат врската здрава.

Извор: Попара.мк

To top