Љубов и Секс

Кога е вистинскиот момент да му кажете на партнерот дека го сакате

Кога е вистинскиот момент да му кажете на партнерот дека го сакате

Толку многу ни поминува низ глава кога за прв пат треба да ги кажеме тие познати два збора: „Те сакам“.

На прво место е стравот од одбивање, можеби нашиот партнер не го чувствува истото. Потоа доаѓаат прашањата: „Дали е прерано? или “Дали ќе кажам погрешно?” Нашиот мозок почнува да размислува премногу и влегува во вознемирена состојба. Кога ги кажуваме тие големи зборови, се отвораме на друга личност, и го даваме срцето „на дланка“, стануваме ранливи и склони кон повреди.

– Во тој момент се разголувате, па не е неприродно да чувствувате нервоза ако не знаете дали е тоа обострано. Она што го олеснува тоа е фактот дека секој од нас се заљубува на уникатен начин, па затоа не постои образец кој одговара на сите, вели терапевтот Тери Орбух.

Тешко е да се направи разлика помеѓу занесот и вистинската, зрела љубов, но постојат знаци кои науката ги смета за валидни.

Чувство на поврзаност.
Размислување за заедничка иднина.
Целосна слобода во споделувањето информации за вашиот живот, дури и непријатни.
Вклучување на партнерот во вашите животни одлуки и планови.
„Те сакам“ не треба да се сфаќа несериозно. Имено, тие зборови навестуваат долгорочна посветеност и правилно е добро да размислите пред да ги изговорите.

– Кога ќе заврши фазата на „меден месец“, што е период од три месеци по запознавањето, може да се каже дека „магијата“ полека почнува да прераснува во вистинско партнерство, кога ќе ги видите мааните на личноста со која сте. Мислам дека тогаш одлучуваш дали ќе ја засакате или ќе се одљубите – нагласува Тери.

Иако концептот на врска се заснова на взаемни постапки и напор, кога зборуваме за оваа грандиозна изјава, не треба да мерите или да очекувате дека другата личност „знае“ дека ја сакате затоа што и „покажувате“, туку треба да кажете гласно, дури и по цена чувството да не е взаемно во дадениот момент.

извор:попара.мк

To top