Негувајте ги овие навики и ќе уживате со партнерот како никогаш досега
Врз основа на неколку навики и вештини што ги имаат одредени парови, можеме да забележиме одредени законитости: овие шест навики се видно отсустни во несреќните врски.
Со текот на годините, психолозите посветиле илјадници часови на проучување на однесувањето на паровите. Откриле дека има работи кои среќните парови ги знаат или ги прават инстинктивно. Нивото на среќа најдобро се предвидува со релативно мали гестови. Хауард Маркман, директор на Центарот за бракови и семејни студии на Универзитетот во Денвер, вели: „Не се работи за тоа колку се сакате или колку се компатибилни се вашите личности. Активностите кои прават разлика во односите на среќните парови можеби изгледаат сосема обични и секојдневни, но истражувачите тврдат дека тие видно отсуствуваат од однесувањето на несреќните парови“.
Сите можеме да развиеме подобри односи ако се посветиме на развивање на следните животни вештини:
Сетете се на убавите времиња
За нејзината книга „The Best Kept Secret “ (Најдобро чуваната тајна), психологот Џенет Ребштајн интервјуирала повеќе од 200 парови за да открие што ја прави нивната врска толку успешна. Една впечатлива карактеристика на среќните парови била нивната способност да паметат убави спомени, дури и во периоди на конфликт. Колку и да била лоша ситуацијата во даден момент, успешните парови можеле да ја видат пошироката слика. „Тие цврсто се држеа до идејата дека нивната врска е повеќе од само збир на лоши ситуации и конфликти“, вели таа. „Тие беа во можност да паузираат и да пристапат до чувствата поврзани со посреќни времиња“.
Не морате да се извинувате
Одењето лути во кревет не е смртна казна за врската – тоа е само уште еден начин да се намали тензијата. Сите стратегии ни се достапни за да ставиме крај на конфликтот или да создадеме можност за поправка на односите. Ставот дека кавгата секогаш мора да има заклучок и да биде проследена со извинување може да биде многу штетен. Всушност, најдобро е да се прифати дека во повеќето случаи, брачните спорови не можат да се решат. „Паровите поминуваат години и години обидувајќи се да се предомислат еден со друг, но тоа едноставно не може да се случи“, вели Готман. Тоа е затоа што повеќето несогласувања се вкоренети во фундаменталните разлики во начинот на живот, типот на личноста или вредностите. Можеби звучи фаталистички, но тој инсистира дека прифаќањето на тој факт може да ни помогне да го надминеме конфликтот, како и да развиеме стратегии за помирување, наместо да бидеме заробени во истата бескрајна борба.
Заеднички активности
Друга дефинирачка карактеристика на двојките што ги испитувала Ребштајн е како тие го поминуваат своето време заедно. Отсекогаш ни беше кажано дека партнерите треба да го заштитат своето време кое го минуваат сами по секоја цена. Тоа секако може да помогне, но Ребштајн вели дека учеството во секојдневните активности заедно, без разлика дали се работи за набавка на неделни намирници или сечкање зеленчук, е она што ја обележува рутината на посреќните парови. „Заедничките оброци, одењето во кревет во исто време – одредена количина од тоа однесување е неопходно“, вели таа.
Допирот е важен
Во далечната 1938 година, психологот Луис Терман од Универзитетот Стенфорд открил дека врската помеѓу зачестеноста на односот и целокупното задоволство во врската е всушност незначителна. „Она што е заедничко за сексуално задоволните парови е способноста да уживаат во близок физички контакт, што не мора секогаш да биде секс“, вели Квилијам. „Тајната на среќните парови е во тоа што тие се способни да ги видат двете активности – сексот и покажувањето наклонетост – како различни и одвоени“. За време на едно истражување, беше забележано дека повеќето успешни парови имаат многу почести контакти од несексуална природа. . Едниот партнер ќе го допре рамото на другиот кога ќе им се вкрстат патиштата, ќе седеа малку поблиску еден до друг… Токму овие мали гестови, а не сексот, ја прават разликата.
Бидете сочувствителни
Д-р Сју Џонсон, психолог и директор на Институтот за парови и семејства во Отава, работела со стотици парови и нејзиното основно откритие е дека среќните парови се најчувствителни на ранливоста на нивниот партнер. „Да сме свесни за влијанието што го имаме врз нашите сакани може да биде многу тешко кога сме преплавени од сопствените чувства“, вели таа. Најуспешните парови се свесни дека секој е чувствителен на емоциите што другите ги покажуваат и се трудат да го регулираат своето однесување.
Вистината не е секогаш најдобра
Можеби ова ви изгледа контрапродуктивно, но стремежот кон целосна искреност со партнерот не е секогаш корисен. Според Готман, најуспешните парови се способни да се контролираат, дури и за време на жестоки расправии. Паровите кои избегнуваат да изразуваат критички мисли кога разговараат за чувствителни теми се постојано најсреќни, објаснува тој.
извор:popara.mk