Во животот важно е да се зачува дозата на детинетост, која е енергична, весела, не прави оптимисти и не потсетува како да фантазираме и сонуваме. Но, тој детски дух што го имаме не треба да ја загрозува нашата зрелост во важните аспекти од животот кога е важно какви одлуки носиме, како постапуваме, да размислиме како тоа ќе влијае на нас и на другите.
Врската со инфантилен маж на почетокот може да биде пријатна, но како што се развива може да стане полна со оптоварувања и недостатоци.
Не презема одговорност за својот живот – Секогаш е во позиција на жртва и тешко може да ги надмине тешкотиите.
Исто така, во неговиот живот има повеќе неуспеси отколку успеси.
Не ја планира иднината – Незрелите мажи не размислуваат за иднината, немаат цели, визии. Живеат од денес до утре.
Неуреден е и неорганизиран – Тој е невнимателна и лекомислена личност која никогаш не го чисти сопствениот неред и не може да се организира. Секогаш ќе чека некој друг да направи се за него.
Незрело управува со пари – Крајно нерационално управува со средствата. Ако имате заеднички буџети и трошоци, ова може да биде предизвик.
Недостаток на комуникација – Со него можете да разговарате, да се шегувате, да се забавувате, но кога станува збор за сериозна комуникација, односно за разговор за важни теми, главните нишки се губат. Тој не се труди да ве сослуша.
Импулсивност и спонтаност – Не размислува пред да донесе важни одлуки, најмногу им се препушта на емоциите и го прави она што прво ќе му падне на памет.
Се плаши од обврски – Избегнува да зборува за заедничките задачи, обврски, за развојот на врската и по неколку години заеднички живот. Не сака да порасне, а уште повеќе не сака да преземе одговорност за некој друг, секогаш се труди да ја префрли одговорноста на други луѓе.
Лесно потпаѓа под влијание на околината – Оваа личност лесно се менува поради влијанието и коментарите на околината, лековерна е и сомничава кон себе. Коментарите на луѓето лесно ја променуваат, но исто така дозволува да влијаат на вашата врска.
Доколку сте во врска со незрела личност, обидете се да разговарате отворено, да се консултирате со терапевт, да му објасните на партнерот што ве мачи, што би сакале да промените. Во секоја врска, важно е двајца луѓе да работат заедно за да ја развијат врската. Ако сте свесни дека оваа врска нема иднина, дека повеќе ви ја троши енергијата отколку што ви носи радост, тогаш размислете дали вреди да останете во неа.
Извор: Попара