Живот и Стил

Како да го „исклучите“ мозокот пред спиење?

Како да го „исклучите“ мозокот пред спиење?

Има повеќе начини да „се исклучи“ мозокот и да се смират мислите пред спиење, заради поцврст и поквалитетен сон. Пред сѐ, обидете се да си дозволите малку тишина пред спиење…

Следат уште неколку совети.

Според порталот „Унаворлд“, советот гласи: Внимавајте на фактот дека не може да се влијае на некои работи и обидете се да не се нервирате поради нив. Тоа само може дополнително да исцрпува. Ова не е лесно да се направи, но може да се постигне со умствено вежбање. На пр., прифатете дека не може да влијаете на сообраќајниот метеж или непријатните изјави од други луѓе. Тука имате два избора – да Ве вознемири, или едноставно, да Ве одмине како да не се случило.

Пренасочете ги мислите кон нешто поважно во животот – што ве прави среќни. Нема смисла да се повторуваат лошите настани во чија било глава… Така, велат стручњаците, само ќе си создадете дополнителен, непотребен стрес.

извор:курир.мк

To top