Живот и Стил

Пет промени во телото кои многумина ги игнорираат, а се симптоми на хормонски пореметувања

Пет промени во телото кои многумина ги игнорираат, а се симптоми на хормонски пореметувања

Сува кожа или нагло губење на косата се црвени знамиња.

Рускиот ендокринолог и нутриционистка, Оксана Михалева, предупреди на некои симптоми кои сосема сигурно укажуваат дека страдате од хормонски дисбаланс.

Губење на косата

Докторката вели дека опаѓањето на косата е еден од главните знаци на ендокрино заболување во кое се нарушува производството на хормони.

Сува кожа

Сувата кожа може да укаже и на хипотироидизам, заболувања на надбубрежната жлезда и дијабетес. Покрај тоа, симптомите се придружени со сувост на слузокожата на очите и често мокрење.

Зголемување на телесната тежина

Докторката нагласува дека зголемувањето на телесната тежина не секогаш укажува на хормонални промени. Сепак, дебелеењето може да се случи поради недоволна активност на тироидната жлезда, недостаток на „женски“ хормони кај жените или „машки“ хормони кај мажите, тумори на надбубрежната жлезда или хипофизата или болест на панкреасот.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок и отекувањето на лицето се знак дека имате проблеми со регулирањето на производството на хормони. Исто така, проширувањето на предниот дел на вратот е карактеристично и за болестите на тироидната жлезда.

Нередовен циклус

Нередовните циклуси кај жени од 45 години може да укажуваат на хормонални промени, како што се болести на јајниците, хипофизата и надбубрежните жлезди. Докторката апелира да внимавате и на исцедокот од млечните жлезди (градите), и кај жените и кај мажите, што може да биде симптом на хормонално пореметување.

извор:курир.мк

To top