Велат дека делата зборуваат погласно од зборовите, што е најчесто случај, но велат и дека изговорениот збор „не се враќа“.
За жал, во партнерските односи, повеќето не се грижат за она што го кажуваат, особено во екот на гневот.
Одредени зборови можат да ни го повредат духот и да остават долгорочни последици за нашата ментална состојба, а понекогаш можат да болат повеќе од физичка повреда.
Ајде да ги погледнеме најчесто користените фрази кои долгорочно може да го влошат нашето партнерство:
1. „Ако така се чувствуваш – подобро да раскинеме“
Оваа реченица обично ја кажуваме среде кавга, кога не можеме да се справиме со обвинувањата и незадоволството од партнерот.
Во тие моменти треба да се потсетиме дека бракот е спој на две личности кои заедно треба да бараат решение и компромис.
Наместо често да се закануваме дека ќе раскинеме, можеме да го пробаме следново:
– Во моментов се чувствувам лут, разочаран или погрешно разбран и тешко ми е да бидам покрај тебе. Те сакам ама ми треба простор, ќе разговараме кога ќе се „оладам“.
2. „Зборуваш глупости“
Чести се моментите кога мислиме дека нешто што ни го кажува другата половина е ирационално или бесмислено, но наместо да ги користиме токму тие фрази, посегнуваме по грдиот збор „глупав“.
Ова е особено погрешно бидејќи го прави нашиот партнер да се чувствува токму така – „глупав“ и може да го спречи да споделува идеи, соништа или стравови со нас во иднина.
Поинаква перспектива на гледање на нештата е нормална, дури и пожелна.
3. „Не сакам да зборувам за тоа“
Понекогаш ни треба пауза за време на дискусијата за да ја процениме ситуацијата, да ги оладиме главите и да размислиме за идните чекори.
Но, ако целосно го игнорираме „слонот во собата“, односно проблемот во нашиот брак или врска, тој може да стане почетна капсула за катастрофа.
Недоразбирањето е една од најчестите причини за прекинување на меѓучовечките односи, па затоа е многу важно да се разговара, без разлика колку е непријатна или болна одредена тема.
Нагласете дека сè уште не сте подготвени да започнете разговор, но не го отфрлајте целосно.
4. „Ти си ист/а како татко ти/мајка ти“
Ова е големо, големо НЕ затоа што навистина може да повреди човек.
Ако нашиот партнер ни верува доволно за да го сподели со нас своето детство или работи кои го мачат за неговите родители, никогаш не смееме да го злоупотребуваме тоа против него, без разлика колку сме лути.
5. „Само опушти се“
Во превод – престанете да размислувате за тоа.
Реченица која всушност создава сосема спротивно чувство, доколку некоја личност ви ги искаже своите негативни чувства, а вие на овој начин ја предизвикате, генерално ќе предизвикате зголемен гнев.
Извор: Попара.мк