Љубов и Секс

Жените открија која големина е идеална – и не е се во должината

Жените открија која големина е идеална – и не е се во должината

Можете да имате одличен секс со која било големина, но без разлика на тоа, многумина се љубопитни и се прашуваат која е идеалната големина на машката „алатка“ за жените.

Постојат различни форми, типови и големини на пенисот, а тим од истражувачи дошле до идеалната (просечна) големина за жените и покажале дека поголемото не мора да значи и подобро.

Истражувачите собрале 75 жени чија задача била да тестираат 33 вештачки пениси со различни големини и форми создадени со 3Д принтер. Оваа студија открила дека жените не само што претпочитаат „просечно“ голем пенис, туку имаат и различни идеи за совршениот пенис во зависност од тоа дали сакаат долга врска или само забава за една ноќ.

Во студијата тие морале да го изберат идеалниот пенис за долга врска, па избрале пенис од 16 сантиметри, додека за секс за една ноќ, пенис од 16,2 сантиметри.

Просечната големина на пенисот во ерекција варира помеѓу 13,9 и 16 сантиметри.

Резултатите откриле дека на жените не им е поважна големината, туку обемот на пенисот, а тоа го потврди и водачот на студијата д-р Никол Праус.

„За максимално сексуално задоволство, јасно е дека жените преферираат пениси со поширок обем бидејќи тие имаат подобар ефект врз стимулацијата на клиторисот. Жените сакаат различни големини за различни моменти, па големи се шансите секој маж да е идеален за некого во зависност од видот на врската што ја бара“, вели Никол, пишува „Marie Claire“.

Извор:Попара.мк

To top