Сигурно се прашувате кои се најинтересните факти за љубовта. Редакцијата на Вистина.мк издвои неколку факти за Вас.
Прочитајте ги во продолжение:
- Најпопуларна песна за првиот танц на младоженците на нивната свадба е песната „Everything I do“ од Брајан Адамс.
- Мажите кои ги бакнуваат своите сопруги наутро, живеат 5 години подолго, од оние што не ги бакнуваат.
- Гинисовиот рекорд за најдолго бакнување е поставен од британците Џејмс Белшоу и Софија Северин, кои за да го направат тоа се бакнувале 31 час, 30 минути и 30 секунди.
- Научните истражувања покажуваат дека во потта на мажите има супстанции кои ги возбудуваат жените.
- Двајца на секои пет луѓе стапуваат во брак со нивната прва љубов.
- Ако веќе имате наполнето 21 година, најверојатно веќе сте го запознале мажот со кој ќе стапите во брак.
- Кога се во почетокот на врската, околу 78% од жените би одбиле да имаат интимен контакт со партнерот, само ако не им се „средени“ нозете или пазувите.
- Гинисовиот рекорд за најдолг брак е неверојатни 85 години.
- Најстарите прирачници за секс се создадени уште пред 5 000 години во Кина.
- Резултатите од едно музичко истражување покажаа дека најромантична песна на сите времиња е песната „Unchained Melody“ од Righteous Brothers.
- Просечниот човек во текот на својот живот поминува 20 160 минути во бакнување.
- Книгата на Џејн Остин „Гордост и предрасуда“ се смета дека е најромантичната новела на сите времиња.
- Ајфеловата кула во Парис е најпопуларното место за предлагање на брак.
- Хаваите се место каде секоја година се одржува десетдневен фестивал со кој се слави љубовта преку музика, филм и храна.
- Додека се бакнуваат, 65% од луѓето ја вртат главата на десната страна.
- Во Литл Рок, Америка, флертувањето е нелегално и ако решите да се позабавувате на тој начин, ви се заканува затворска казна од 30 дена.
- Карактерот на луѓето кои се во врска се менува, за да стане колку што може посличен.
- Најстарата љубовна песна датира од пред 4 000 години и доаѓа од област помеѓу реките Тигар и Еуфрат.
- Според математичка теорија, треба да излегуваме со околу 12 луѓе, пред да можеме правилно да си го избереме животниот партнер.
- Една од пет долги врски започнува додека едниот од партнерите е во врска со друг човек.