Досега многупати сме виделе фотографии од познатите кога биле мали, но секогаш некој има да објави фотографија повеќе или таква што не сме ја виделе досега.
Деновиве повторно можеме да ѕирнеме во детството на некои познати личности, едни се пејачи, други водители, трети актери…
Оваа мала убавица денес е вистинска дама која секојдневно ја гледаме на телевизија како пејачка, како актерка, но и како доста активна корисничка на социјалните мрежи. Деновиве беше „National litte me day“ или во превод, национален ден кога сме биле мали. Токму овој ден за некои беше прилика да прочепкаат низ старите фотографии и да најдат спомен од детството.
Можеби веќе погодувате дека оваа малечка е Тијана Дапчевиќ.
View this post on Instagram
Харизмата и шармот се познааваат од мали нозе, а веруваме дека уште тогаш повозрасните велеле дека детето има ѕвезда, што денес е и вистина.
View this post on Instagram
Тијана неодамна беше актуелна со претставувањето на српскиот избор за песна на Евровизија 2023 каде не успеа да влезе во финале, а на својот Инстаграм за крајниот исход напиша:
„Ви благодарам на сите, не сакаме сите исто. Немаме сите ист слух за музика и очи, и тоа е ок, јас и понатаму го обожавам овој фестивал и верувам во него. Горда сум ан целиот тим, ве сакам и ве повикувам и понатаму да слушате квалитетена музика“, вели Тијана.
фото:Инстаграм/Тијана Дапчевиќ