Запалете ја и фантазијата и телото…
Совршениот интимен однос бара многу работи. Покрај меѓусебната привлечност, комуникација и опуштеност, важни се и малите трикови кои дополнително ги разгоруваат страстите, а со кои вашиот маж ќе доживее огномет во боите на виножитото.
Експертите советуваат отворено да зборувате за секси работи во кои тој ужива. Време е да се започне темата кога напнатоста е веќе во воздухот. Не двоумете се да зборувате за тоа што би сакале да правите во кревет. Никогаш не ја потценувајте моќта на сугестијата.
Мажите реагираат визуелно, па секси долната облека која се лизга од вашето тело е добитна комбинација. Тие сакаат да ги гледаат своите поубави половини оскудно облечени и во провокативни пози. Затоа, не го исклучувајте светлото бидејќи тоа може да го олади.
И фетиш игрите се многу стимулативни. Речиси и да нема маж кој не фантазирал дека ќе го дочека девојка облечена како секси професорка, медицинска сестра или собарка.
Пред да започнете некоја сериозна акција, погрижете се да ги истражите неговите ерогени зони. Жените обично знаат што им се допаѓа на нивните партнери, но има и точки на кои никогаш не размислувале. Покрај вратот, долниот дел на стомакот и ушите, проверете како реагира кога ќе му ги бакнувате бутовите, колената или челото. Ќе се изненадите…
Со бакнежи, нежно допирајте го неговиот најчувствителен дел. Грубото играње може да биде болно и контрапродуктивно. Повеќето мажи уживаат во оралниот секс, но има и исклучоци. Дознајте што мисли тој за идејата пред да тргнете во авантура.
За време на сексот гледајте го право во очи. Доколку не сте срамежливи и знаете како да го дадете тој дрзок, заводлив изглед, загарантирана е експлозија на страст!
Извор: Попара.мк