Лудата хемија, феноменалните вештини, физичка издржливост и оргазам – многумина мислат дека нема добар секс без овие четири „состојки“.
Меѓутоа, изгледа дека многу работи кои ги мислиме за сексот се – погрешни!
Експертите велат дека само една работа гарантира вистинско сексуално задоволство – целосна предаденост.
Главните елементи на целосна предаденост на партнерите се фокусираност во текот на сексуалниот однос, чувство на длабока еротска интимност, добра комуникација, искреност и желба за задоволување.
Неодамнешна анкета покажала дека многу луѓе не посветуваат многу внимание на самиот оргазам затоа што сексот може да биде и лош иако дошло до оргазам.
Поголем дел од испитаните парови навеле дека целосната предаденост е еден од најважните елементи за сексуално искуство затоа што тоа го потенцира меѓусебното почитување, прифаќање и нежност.
Изгледот на телото и техниката се на самото дно од листата на приоритети во сексот затоа што добрите партнери доаѓаат во сите облици и големини, а вештините се стекнуваат со искуство.
Се согласувате ли вие со ова?
извор:tocka.kom.mk