Пејачката Драгана Мирковиќ освен бројните успеси има уште една причина за славење. Синот на Драгана Марко Бијелиќ слави роденден, а пејачката му се обрати со емотивна порака преку социјалните мрежи.
– Среќен роденден животе мој – напиша Мирковиќ со слика од тортата.
Марко е често активен на социјалните мрежи каде објавува фотографии и видеа од скапи автомобили.
Бијелиќ претходно се пофалил со својот возен парк, џип „мерцедес“, „ферари“ чија цена е над 200.000 евра и возило „КТН“ за кое требало да одвојат околу 100.000 евра.
Да потсетиме, пејачката неодамна истакна дека Марко оди со неа на нејзините настапи и дека тоа многу и значи.
– Тоа е точно. Марко оди, но се труди да не се гледа, сака да остане инкогнито. Инстаграм е чудо, не можеш да бидеш непознат. На Марко сето тоа му се допаѓа, но не е луд по социјалните мрежи. На него дури не влијаат ни работи кои не се вистинити. истакнала еднаш пејачката.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Драгана Мирковиќ/Никола Андиќ