Љубов и Секс

Сексот ви е на пауза: Како да излезете од рутина?

Сексот ви е на пауза: Како да излезете од рутина?

Сосема е нормално по долгогодишна врска или брак да ја изгубите волјата за секс или барем да се намали желбата.

Најчесто причината за тоа е истата секс рутина и тоа што сте си дозволиле да влезете „во машинеријата“ или да стиснете пауза на сексот на сметка на секојдневните обврски.

Меѓутоа, ако уште постои љубов и страст меѓу вас, има простор да ја разгорите таа страст и да ја обновите сексуалната врска.

Треба само да се потрудите. Ова се пет совети како да излезете од рутина:

Бидете искрени

Ако имате желба и успевате да имате секс, но сексот ви е здодевен, бидете искрени и кажете го тоа. Секако, внимавајте како го кажувате тоа. Истакнете ги добрите страни и потоа предложете што може да се смени. Можеби и партнерот го чувствува истото.

Сменете ја рутината

Истражувањата покажуваат дека двојките во долги врски со тек на време почнуваат да користат само три секс пози. Ако и вам ви се случило истото, не треба многу за да направите измена: пробајте нова поза, па и нова локација: секс под туш, на кауч во дневна, на ѕид во ходник, во кола, во хотел…

Размислувајте „надвор од кутијата“

Рутинскиот секс не е доволен за да се одржи страста, туку само навиката. Во сексуалниот живот треба да вложите време и енергија како и за останатиот дел од врската. Не заборавајте дека мозокот е најголемиот сексуален орган, па препуштете се на фантазиите и разговарајте отворено за сексот со партнерот. Можеби и тој има нешто да ви каже.

Не критикувајте

Ако не сте задоволни од вашиот сексуален живот, никако за тоа не го обвинувајте само партнерот. За сѐ се потребни двајца. Искрено прашајте се дали вие правите нешто погрешно или не го правите доволно. Секоја забелешка кажете ја конструктивно и не заборавајте – ова го правите за доброто на двајцата и да имате подобар сексуален живот заедно.

Истражувајте

Не се воздржувајте од самозадоволување. Сепак, вие најдобро се познавате себе си. Мастурбацијата е здрава и корисна за осознавање на сопствената сексуалност. Можеби ќе откриете нешто ново за сопственото сексуално задоволство што може да ви помогне во сексот со партнерот.

Извор: Кајгана.мк

To top