Радио Милева една е Мајка

Елена Ристеска имаше посебен повод за славење: „Со тебе сме посилни и посреќни“ (фото)

Елена Ристеска имаше посебен повод за славење: „Со тебе сме посилни и посреќни“  (фото)

Времето денес толку брзо поминува што понекогаш годините почнуваме да ги одбележуваме и броиме само кога имаме некој посебен повод, причина или сеќавање.

Одеднаш сфаќаме дека сме станале мајка, татко или  баба, дедо, а како потсетник за тоа е нашиот посебен ден, денот кога по некоја случајност сме го добиле благословот токму ние да ја имаме привилегијата да се родиме и да ги искусиме животните предизвици.

Пејачката Елена Ристевска која најмногу ужива во друштво со најсаканите, односно со нејзината, мајка, сестра, внука,  знае да сподели приватни моменти само кога има некоја посебна причина како овој пат па, на социјалните мрежи и се обрати на нејзината мајка по повод нејзиниот роденден.

Имено, Елена на нејзиниот Инстаграм профил сподели неколку фотографии на кои позира заедно со нејзината мајка,  нејзината сестра, како и со нејзината внука.

А што друго би посакале освен личностите што најмногу ги сакаме да бидат со нас што подолго, уште многу години… Токму тоа и го посака Елена Ристевска на нејзината мајка.

Ристеска откако објави неколку нови фотографии  со кои  ја долови славеничката атмосфера,  во описот напиша:  „Мајка – Најсреќен роденден, уште многу години да си покрaj нас, бидејќи само со тебе сме посилни и посреќни, те сакамe“ – стоеше под објавата.

Неодамна пејачката на Инстаграм постави еден предизвик поврзан со времето, како на некој начин времеплов од минатото.

Секако на Елена и беше лесно да најде фотографија од себе си, бидејќи пејачката неодама прослави скоро две децении откако “девојчето со чорапчињата” победи на аудицијата “М2 Потрага по ѕвезда”.

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Ристевска

To top