Радио Милева полно срце

„Добредојде во светот на возрасните“: Ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски славеше полнолетство (фото)

„Добредојде во светот  на возрасните“: Ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски славеше полнолетство (фото)

Младата македонска пејачка Мелани Тарчуловска веќе не е малолетна. Таа вчера го прослави 18- тиот роденден и влезе во светот на возрасните.

По тој повод нејзината мајка фолк пејачката Соња Тарчуловска заедно со нејзиниот сопруг Јохан славеа, па мајка и,  на социјалната мрежа Инстаграм јавно и го честиташе клучниот роденден со емотивна порака:

„Пред осумнаесет години на еден убав ден како денес, се роди најубавото девојче, со прекрасни сини очиња тие беа најубавите очи кои сум ги видела најубавото чувство, најсилната емоција и најнежното битие во мојот живот. Го направи нашиот живот поубав и со голема радост ти посакуваме најубави желби во твојот живот. Среќна 18 – ка принцезо наша.  Добредојде во светот на возрасните“ –  и напиша таа.

Прва меѓу честитките под објавата на нејзината мајка беше пејачката Елена Ристевска која од сѐ  срце и посака среќен роденден:
„Среќен роденден Мелани, најдоброто допрва доаѓа“   – гласеше нејзиниот коментар.

Додека пак на нејзиниот Инстаграм профил младата пејачка се пошегува и напиша дека е свесна во каква неволја е сега:

-„Полно срце , мислам дека сум во неволја !“ – напиша Мелани под  објавата од  роденденската забава.

Мелани Тарчуловска на големо работи на нејзината музичка кариера. Таа последно настапуваше меѓу дебитантите на „Макфест“, а сега учествуваше и во најновото издание од актуелната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“,  а  нејзин ментор беше познатиот српски пејач Ѓорѓе Давид.

Фото: принтскрин/Инстаграм/ Соња Тарчуловска/ Мелани Тарчуловска

 

To top