Љубов и Секс

Позата „катанец“ обезбедува максимално задоволство и контрола на пенетрацијата

Позата „катанец“ обезбедува максимално задоволство и контрола на пенетрацијата

Пробајте ја уште вечерва или изненадете го вашиот партнер за Денот на вљубените!

Доколку сте подготвени да ја зачините атмосферата за Денот на вљубените поминувајќи незаборавна вечер со партнерот, ви ја предлагаме позата катанец.

Жените овде имаат поголема контрола, а големината не е важна.

Иако често се смета за еден вид „учебник“ за добар однос, Кама Сутра е всушност многу повеќе од тоа и генерално се фокусира на уметноста на живеење, природата на љубовта, наоѓањето животен партнер и одржувањето на љубовниот живот.

Секако, во поп-културата останува запаметена по описите на позите, а една од нив се вика – катанец.

Катанецот се смета за една од најдобрите пози, бидејќи обезбедува оптимален агол за пенетрација што гарантира задоволство без оглед на големината на екстремитетот. Поточно, во оваа поза на стартот е овозможено подлабоко продирање и мажот може максимално да ги искористи своите сантиметри.

Многу е едноставно да се изведе. Жената треба да седне на работ од маса, малку да се наведне кон напред и да се потпре со рацете. Мажот стои пред неа, а таа силно ги обвива нозете околу неговата половина. Жената во оваа поза го контролира мажот и темпото на пенетрација.

извор:попара.мк
фото:профимедиа

To top